
На 27 август 2026 година, во 23:40 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца браќа биле нападнати со метален предмет во Тетово.
Според пријавеното, А.А. (46) од Тетово изјавил дека околу 20:40 часот, заедно со неговиот брат, бил нападнат од машко лице од Тетово. Нападот, според пријавата, следел по претходно меѓусебно недоразбирање.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.

















