УТРО.мк

Трагедија во Словенија: Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа

Трагедија во Словенија: Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа
Vero

Тројца македонски државјани загинаа во тешката сообраќајна несреќа што во четвртокот попладне се случи на автопатот во Словенија, на делницата меѓу Унец и Равбаркоманда.

Според официјалните информации од словенечката полиција, во автомобилот се наоѓале пет лица, сите државјани на Северна Македонија. Тројца од нив починале на местото на несреќата, додека другите две лица се повредени.

Еден од повредените бил транспортиран во болница со хеликоптер, додека повредениот возач бил пренесен со возило на Итната медицинска помош.

Според неофицијални информации објавени од словенечкиот Завод „Reševalni pas“, меѓу загинатите наводно има и деца. Сепак, оваа информација засега не е официјално потврдена од словенечката полиција.

Според првичните информации, товарно возило поради дефект било запрено во ниша покрај автопатот. Во тој момент автомобилот со македонските државјани удрил во задниот лев дел од приколката.

Словенечките надлежни органи продолжуваат со истрагата за да се утврдат точните причини и сите околности што довеле до трагичната несреќа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin