
На 28 август 2026 година, околу 00:30 часот, на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 37-годишниот Ј.А.С., државјанин на Канада.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес кај него бил пронајден и одземен археолошки предмет, односно артефакт.
Лицето било приведено, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















