
Полицијата во Штип приведе 65-годишен маж со иницијали А.Ш., по сомнежи дека во својство на управител на локален образовен центар, во тек на дополнителна настава подолг временски период недолично се однесувал кон неколку малолетни ученички, допирајќи ги по телото.
Случајот бил откриен откако родителите заедно со своите деца и претставници од Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип се обратиле во полициска станица и го пријавиле настанот.
По пријавата, по наредба на суд, биле спроведени претреси во домот на осомничениот, како и во просториите на образовниот центар што го управувал. При тие активности биле одземени предмети кои, според истрагата, може да бидат значајни како докази во понатамошната постапка.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава. Судот подоцна му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
















