УТРО.мк

Марихуана пронајдена при претрес во Охрид: Приведен 31-годишник од Кичево

Марихуана пронајдена при претрес во Охрид: Приведен 31-годишник од Кичево
Vero

Вечерта околу 20 часот во Охрид беше спроведена полициска акција по претходно обезбедени оперативни информации и во координација со Основното јавно обвинителство во Охрид, како и врз основа на издадена судска наредба од Основниот суд во градот.

Службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Охрид, од одделението за недозволена трговија со дрога и оружје, извршија претрес во дом и придружни простории каде престојувал 31-годишниот И.Ј. од Кичево.

При интервенцијата била откриена и одземена марихуана. Лицето веднаш било повикано во полициска станица, каде со него бил извршен службен разговор.

По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран