УТРО.мк

ВИДЕО: Среде бел ден украден велосипед пред фитнес клуб во Аеродром, граѓани снимиле сѐ

ВИДЕО: Среде бел ден украден велосипед пред фитнес клуб во Аеродром, граѓани снимиле сѐ
Vero

Две момчиња лежерно украле велосипед кој бил оставен пред фитнес клуб во скопската населба Аеродром.

Кражбата била снимена од граѓани, а видеото е објавено на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. На снимката се гледа како двајцата млади без брзање го земаат велосипедот и си заминуваат, додека присутните го коментираат инцидентот во живо.

Иако лицата на осомничените не се гледаат јасно, граѓаните коментираат дека оние што ги познаваат би можеле да препознаат за кого станува збор.

Засега нема информации дали случајот е пријавен во полиција, ниту дали е утврден идентитетот на лицата.

Видеото може да го погледнете тука

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран