
Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, објави дека е потпишан договор со Синдикатот на работниците за зголемување на платите на општинската администрација за 7 проценти од основната плата во наредните три години, објави ТВ21.
Според Касами, оваа одлука има за цел да обезбеди поголема поддршка за вработените и да придонесе кон создавање помотивирана и поценета администрација.
















