УТРО.мк

Удрија по подземјето: Запленети дрога, оружје и возила

Удрија по подземјето: Запленети дрога, оружје и возила
Vero

Седум лица се уапсени во координирана полициска акција, при што се запленети дрога, оружје, возила и пари.

Повеќедецениски наркобосови веќе не се на слобода, а разбивањето на криминалната мрежа е дел од поширока офанзива против организираниот криминал, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.

Според него, акцијата во која биле приведени седум лица и сузбиена организирана криминална група поврзана со недозволена трговија со дрога не е изолиран случај, туку резултат на синхронизирана акција иницирана од СВР Струмица.

– Дел од бастионите на тоа подземје веќе не се на слобода. Криминална мрежа поврзана со нелегални нарко активности, која во Струмица егзистирала повеќе од две или три децении, конечно е разбиена. Никој досега, за жал, не се обидел да застане на патот на овие структури – изјави Јанев.

Тој додаде дека акцијата е резултат на координирана размена на информации и нагласи дека редовите во полицијата се консолидирани, а одливот на информации, како што рече, повеќе не претставува проблем.

– Без компромис и без толеранција, особено кога станува збор за ширење на дрогата. Имаме знаење, имаме волја и ќе продолжиме со уште посилно темпо, затоа што безбедноста на граѓаните останува наш врвен приоритет – посочи директорот на БЈБ.

Во рамки на акцијата, полицијата уапсила четири лица од Струмица, две од Скопје и едно лице од Штип. Истовремено биле извршени претреси на 15 локации во овие градови.

При акцијата биле обезбедени и материјални докази, при што била пронајдена и одземена дрога, пиштол, рамка за пиштол и муниција, седум патнички моторни возила, седум мобилни телефони, како и поголем износ на парични средства.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран