УТРО.мк

Тешко повреден 16-годишник по пад од електричен тротинет

Тешко повреден 16-годишник по пад од електричен тротинет
Vero

Шеснаесетгодишник од Неготино се здобил со тешки телесни повреди откако паднал додека управувал електричен тротинет на крстосница во градот.

Според информациите од надлежните, несреќата се случила на 24 мај 2026 година околу 14:00 часот, на крстосницата меѓу улиците „Климентова“ и „Дојранска“ во Неготино.

Во еден момент, малолетникот изгубил контрола над тротинетот и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки повреди. Тој бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, каде повредите биле констатирани.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци, а увид на лице место извршила екипа од ОВР Неготино.

Се работи на утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран