УТРО.мк

Убиство во Кавадарци

Убиство во Кавадарци
Vero

Утринава околу пет часот пред казино во Кавадарци беше убиен 43-годишен маж од градот. Според информациите на Службата за итна медицинска помош, жртвата добила смртоносни повреди на главата по физички напад од неколку лица.

Иако екипа на брзата помош веднаш излегла на терен, лекарите по пристигнувањето констатирале дека мажот веќе бил без знаци на живот, а во 05:15 часот официјално ја потврдиле неговата смрт.

Од МВР соопштија дека жртвата е П.Т. (43) од Кавадарци, а по кратко време биле уапсени три лица осомничени за нападот: Д.Б. (26), М.Ѓ. (35) и Д.С. (27), сите од Кавадарци. Тие се приведени и задржани во полициска станица.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со полициски екипи изврши увид на местото на настанот и ги прегледуваат снимките од надзорните камери на казиното. По целосното расчистување и документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран