УТРО.мк

Уапсен полицаец од интервентната единица – еве што сторил!

Уапсен полицаец од интервентната единица – еве што сторил!
Vero

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против А.Б., вработен како виш полицаец во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „давање поткуп“ според член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Според МВР, пријавениот во февруари и март годинава посредувал кај друг полициски службеник на Граничен премин Долно Блаце, нудејќи и давајќи поткуп со цел службеникот да не ја изврши својата должност, односно да не ја евидентира навремено влезната процедура на македонски државјанин, туку да биде евидентиран како турски државјанин.

А.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а Основниот кривичен суд Скопје му изрече мерка претпазливост и забрана за вршење на работната дејност.

Одделот за внатрешна контрола и дисциплина при МВР ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина против пријавениот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран