УТРО.мк

СДСМ со нови 11 кандидатури за градоначалници

СДСМ со нови 11 кандидатури за градоначалници
Vero

СДСМ денеска објави имиња на уште 11 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Одлуката е донесена попладнево на седница на Извршниот одбор на партијата.

Кандидати за градоначалници се:
• Бутел – Оливера Ливриниќ
• Велес – Маја Хеско
• Гевгелија – Миле Атанасов
• Делчево – Дејан Глинџарски
• Демир Капија – Лазар Петров
• Конче – Благој Илиев
• Кратово – Влатко Спировски
• Кривогаштани – Игор Каравиловски
• Македонски Брод – Ивица Стојковски
• Ранковце – Даниел Крстевски
• Старо Нагоричане – Далибор Трајковски

„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори, кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините“, стои во соопштението од партијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран