На 28 август (четврток) без електрична енергија ќе останат делови од две тетовски села поради планирани зафати во електромрежата.
Во селото Палатица, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот, а ќе биде опфатен дел од населеното место.
Во селото Добарце, електрична енергија ќе нема од 09:00 до 14:30 часот, при што ќе бидат зафатени објектите на влезот од селото.
Прекините се дел од редовните технички активности на екипите на ЕВН Македонија.