Пред неколку години, стадионот „Петар Милошевски“ во Битола беше во лоша состојба. Јужната трибина немаше практично никакви седишта, скалниците беа оштетени, а челичните елементи и настрешницата покажуваа знаци на корозија. Инфраструктурата не ги исполнуваше стандардите за безбедност и за одржување на меѓународни натпревари.

Сега, по санацијата, стадионот во Битола доби целосно обновена јужна трибина. Поставени се 4.852 нови седишта, извршено е премачкување и обработка на скалниците, а сите челични елементи и настрешницата се заштитени. Проектот, со вредност од над 46 милиони денари, е реализиран со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Стадионот е подготвен и за меѓународниот натпревар за селекциите до 21 година меѓу Македонија и Италија, закажан за 9 септември.

