УТРО.мк

Возило излета на патот Кичево-Гостивар – Тројца повредени

Возило излета на патот Кичево-Гостивар – Тројца повредени
Vero

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на 25 август 2025 година околу 14:45 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на Тајмишката раскрсница.

Според информациите од МВР, патничко возило „Фолксваген Венто“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (54) од Кичево, излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничките Б.М. (53) и А.Д. (76), двете од Кичево, добиле телесни повреди. Повредените биле пренесени во Медицинскиот центар во Кичево каде што им била укажана лекарска помош.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на ОВР Кичево.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран