УТРО.мк

Уапсена во Германија: Девојката која предизвика смртоносна сообраќајка кај Кавадарци осудена на 5 години затвор

Уапсена во Германија: Девојката која предизвика смртоносна сообраќајка кај Кавадарци осудена на 5 години затвор
Vero

Дваесетгодишната В.З. од Градско е осудена на пет години затвор за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи пред 15 месеци во близина на Кавадарци. Судењето било спроведено во отсуство, а Основниот суд Кавадарци ја прогласил за виновна за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Покрај затворската казна, на обвинетата ѝ е изречена и забрана за управување моторно возило од „Б“ категорија во траење од пет години.

Обвинетата, која во моментот на несреќата имала 18 години, по настанот ја напуштила државата и била лоцирана во Германија, каде што е уапсена. Во моментов се наоѓа во имиграционен притвор, а веќе е започната постапка за нејзина екстрадиција во земјава.

Од судот информираат дека пресудата сè уште не е правосилна, бидејќи одбраната поднела жалба.

Според утврдените факти, обвинетата управувала со возилото со голема брзина и преминала на спротивната коловозна лента, но не била под дејство на алкохол или други опојни средства.

Сообраќајната несреќа се случила на 5 ноември 2024 година на регионалниот пат Кавадарци–Росоман, во близина на селото Рибарци. Во судирот меѓу возило „сеат“, управувано од обвинетата, и „опел“, животот го загубил 40-годишен сопатник од Велес, додека две лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран