УТРО.мк

Царината разоткри голема измама – кривични пријави за седум лица и две фирми

Царината разоткри голема измама – кривични пријави за седум лица и две фирми
Vero

Царинска управа на Македонија поднесе кривична пријава против две правни и седум физички лица поради сомнение за злоупотреби при увоз и регистрација на луксузно возило „мерцедес-мајбах“ со фалсификувана документација.

Според информациите, случајот датира од 2023 година, кога употребуваното возило било пуштено во слободен промет и регистрирано врз основа на лажни документи, при што државниот буџет бил оштетен за околу 1,9 милиони денари.

Истрагата покажала дека првоосомничениот, во својство на увозник, го набавил автомобилот во Германија и го внел во земјата. Второосомничениот, кој бил царински застапник и управител на шпедитерска фирма, изготвил фалсификувана фактура со пониска вредност на возилото, како и лажен доказ за потекло, со што значително се намалиле увозните давачки.

При царинењето, наместо околу 3,9 милиони денари, биле наплатени приближно два милиони денари. Со посредство на тројца царински службеници и еден полициски службеник, возилото било пуштено во слободен промет и подоцна регистрирано.

По откривањето на неправилностите, надлежните донеле решение за дополнителна наплата, при што биле наплатени околу 2,5 милиони денари – од нив 1,9 милиони денари основен долг и околу 600 илјади денари камата.

Од Управата информираат дека дел од царинските службеници опфатени со случајот се поврзуваат и со други слични злоупотреби при увоз на возила и веќе биле отпуштени од работа минатата година.

Истрагите за незаконски увоз на автомобили започнале во октомври 2024 година, а до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција досега се поднесени 51 кривична пријава против 110 правни и 396 физички лица, поврзани со увоз на околу 180 употребувани возила.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран