
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска категорично соопшти дека Германија нема да учествува во конфликтот што се одвива меѓу Соединетите Американски Држави и Израел против Иран. На прес-конференција во Берлин, Мерц истакна дека одлуката е мотивирана од уставните ограничувања и недостатокот на соодветен меѓународен мандат.
„Нашиот Основен закон бара дозвола од Обединетите нации, Европската Унија или НАТО за какво било учество во воени операции. Таква одлука сега не постои“, изјави Мерц, појаснувајќи дека НАТО е исклучиво одбранбен сојуз и не служи за напади.























