УТРО.мк

Хрватскиот гувернер Вујчиќ: Финансиските одлуки се лична одговорност, AI може да биде само помошна алатка

Хрватскиот гувернер Вујчиќ: Финансиските одлуки се лична одговорност, AI може да биде само помошна алатка
Vero

Гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, предупреди дека во светот на финансиските одлуки нема кратенки, личниот избор и критичкото расудување се незаменливи. Според него, вештачката интелигенција може да биде корисна алатка за анализа и поддршка, но не смее да се смета за замена на човековата способност за донесување одлуки, пренесува Банкар.ме.

Овие пораки Вујчиќ ги изнесе по повод одбележувањето на Global Money Week, за време на дебата со ученици за улогата на AI во управувањето со финансии. Гувернерот посочи дека токму преку вакви едукативни иницијативи се гради финансиска писменост и се подготвуваат младите да носат информирани и одговорни одлуки за своите лични финансии.

Мнозинството ученици изразија скепса дека AI може самостојно да управува со нивните пари. Вујчиќ тоа го толкува како комбинација од недоверба кон новите технологии и јасно сфаќање дека конечната одговорност секогаш мора да остане кај поединецот. „AI може да помогне при анализата и донесувањето одлуки, но резултатите секогаш треба да се проверуваат. Не смее слепо да ѝ се верува“, предупреди тој.

Гувернерот истакна дека прекумерната зависност од технологијата крие ризици, особено ако корисниците ја загубат способноста за самостојно мислење. Најдобар пристап, според него, е комбинација на знаење и технологија – каде AI е алатка за поддршка, а не автономен управувач на финансиските одлуки.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран