УТРО.мк

„Приказна во чаша“: Првиот вински салон-фестивал во Штип на 21 март

„Приказна во чаша“: Првиот вински салон-фестивал во Штип на 21 март
Vero

За првпат во Штип ќе се одржи винскиот салон-фестивал „Приказна во чаша“, кој ќе го одбележи преминот од зимата во пролет на 21 март 2026 година, во просториите на 7even Wedding & Events. Настанот, инспириран од светските вински метрополи, има за цел да го промовира македонското виногорје и да понуди уникатно искуство за љубителите на виното.

На фестивалот ќе бидат претставени најдобрите македонски вина преку 15 штандови, каде посетителите ќе можат да дегустираат без ограничувања. Особен момент ќе биде винската работилница, водена од реномираниот енолог од винаријата Имако, Атанас Рунчев, кој ќе одржи Masterclass – вертикална дегустација на Вранец од 2018 до 2022 година, откривајќи ја еволуцијата на овој македонски сортен бисер.

За гастрономската страна на настанот ќе се погрижи познатиот штипски готвач Лука Миташев, кој ќе приготвува закуски во рамки на Live Cooking сесии, спарени со внимателно избрани вина. Дополнително, присутни ќе бидат и штандови со млечни производи и слатки изненадувања, а сето тоа ќе биде проследено со музика за создавање комплетна атмосфера на уживање.

Цената на билетот е 600 денари, што вклучува персонализирана чаша за дегустација, неограничена дегустација на сите вина, All Inclusive закуски и храна, вода, како и пристап до мастер-класот. Влезниците ќе бидат достапни на самото место, а во пресрет на настанот ќе се одржи и официјална прес-конференција со дополнителни детали.

Програма на „Приказна во чаша“:

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран