УТРО.мк

Македонската женска кошаркарска репрезентација подготвена за последен натпревар од евро-квалификациите против Хрватска

Македонската женска кошаркарска репрезентација подготвена за последен натпревар од евро-квалификациите против Хрватска
Vero

Вечерва со почеток од 18.00 часот во салата „Градски парк“ во Скопје, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе го одигра своето шесто и последно коло од квалификациите за Евробаскетот 2027. Нашите кошаркарки ќе се соочат со фаворизираната селекција на Хрватска, обидувајќи се да ја завршат оваа квалификациска авантура на позитивен начин.

Македонскиот тим доаѓа со биланс од една победа и четири порази, но, како што истакнува селекторот Александар Ашаданов, момчињата се подготвени да дадат максимум и да прикажат борбена и квалитетна игра пред домашната публика. По натпреварите во Данска и Грција, тимот се врати во Скопје и одработи два интензивни тренинзи како подготовка за „финалето“ во групата.

Сепак, пред дуелот со Хрватска, тимот се соочува со одредени проблеми со повреди. Марија Николов и Мерит Хемпе се жалат на ситни здравствени тегоби – Николов поради удар во главата на дуелот со Грција беше поштедена од последниот тренинг, но се очекува да биде на располагање за натпреварот. Хемпе, најдобриот стрелец на македонскиот тим во оваа квалификациска фаза, исто така се наоѓа под медицински надзор, а конечната одлука за нејзиното учество ќе биде донесена непосредно пред почетокот на средбата.

Голем плус за љубителите на кошарката е тоа што влезот за дуелот во „Градски парк“ ќе биде бесплатен. Публиката ќе има можност да ја следи најдобрата македонска женска селекција во реновираната сала и да ги бодри своите фаворитки во последниот натпревар од квалификациската рунда.

Во рамките на 6. коло од Групата „Ф“ на квалификациите, претходно денеска се сретнуваат Грција и Данска од 16.00 часот, а нашиот дуел со Хрватска е закажан за 18.00 часот.

Табела пред последното коло:

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран