УТРО.мк

Уапсен 18-годишник: Имал филмска трка со полицијата

Уапсен 18-годишник: Имал филмска трка со полицијата
Vero

На (14.06.2026) во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(18) од село Василево, струмичко. 

Тој управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од полициски патроли и продолжил да се движи со возилото со голем брзина, соопшти МВР. 

Во Богданци го запрел возилото и побегнал, а откако бил стигнат физички ги нападнал полициски службеници. 

Лицето е задржано во полициската станица Гевгелија и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin