На 27 јули околу 23:15 часот, во СВР Тетово била пријавена физичка пресметка на улицата „180“ во Тетово. Според пријавата поднесена од 32-годишната С.Т. од Тетово, таа, нејзиниот 15-годишен син и 46-годишниот М.С. биле физички нападнати од И.Џ. (50) од Тетово.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.