На 14.09.2025 во 19:40 часот од СВР Штип, од Регионалниот центар за гранични работи Исток е пријавено дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над с.Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија и побарале помош преку бројот 112. Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од околу 1000 метри, над манастирот Св. Архангел Михаил во с.Саса. Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток, лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде е утврдено дека се работи за лицата Г.Д.(38) од Скопје, К.Н.(38) од Гевгелија и Д.П.(31) од Скопје. Тие не побарале лекарска помош, по што заминале со мотоциклите.