УТРО.мк

Трагичен случај: Пациентка од Крива Паланка почина во возило на Итната помош

Трагичен случај: Пациентка од Крива Паланка почина во возило на Итната помош
Vero

Трагичен настан се случи при медицински транспорт кога 78-годишна пациентка од Крива Паланка починала во возило на Итната медицинска помош додека била пренесувана кон болница.


Според информациите, на 7 март околу 12:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во возило на Итната медицинска помош од Крива Паланка, на местото викано „Света Петка“ во општина Старо Нагоричане, починала пациентката М.Т. (78) која била транспортирана кон Општата болница во Куманово.


Лекар кој бил присутен во возилото ја констатирал смртта на пациентката. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран