УТРО.мк

Трагедија во Солун: Студентка од Македонија пронајдена мртва во стан

Трагедија во Солун: Студентка од Македонија пронајдена мртва во стан
Vero

Трагичен настан ја потресе македонската јавност откако 23-годишна студентка од Прилеп била пронајдена без знаци на живот во стан во населбата Неаполи во Солун.

Според информациите што ги објавија грчките медиуми, нејзините родители подолго време не успевале да стапат во контакт со неа, по што побарале помош од близок роднина. Тој отишол до станот во кој престојувала девојката и ја пронашол почината, по што веднаш биле известени полицијата и итната медицинска служба.

При првичниот увид, надлежните не констатирале траги што би укажувале на насилна смрт или кривично дело. Телото е испратено на обдукција, која треба да ја утврди точната причина за смртта.

Според неофицијални информации, станува збор за студентка по потекло од Прилеп која студирала во Солун.

Грчките истражни органи продолжуваат со постапката за целосно расветлување на околностите под кои настанала трагедијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin