72-годишен пешак од Скопје загина на лице место по судир со мотоцикл на улицата Шар Планина во главниот град. Несреќата се случи на 30 јуни 2025 година околу 13:45 часот.
Мотоциклот марка „БМВ“ со бугарски регистарски таблички, управуван од 22-годишниот М.О. од Скопје, удри во пешакот К.Г. (72). Од ударот, пешакот починал на местото на несреќата, а смртта беше констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.
На местото на несреќата веднаш беше извршен увид од страна на екипа на СВР Скопје и јавен обвинител. По наредба на јавен обвинител, возачот на мотоциклот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против М.О. ќе биде поднесена соодветна пријава.