Српска државјанка била пронајдена во несвест на плажата Макригијалос во Пиерија, во вторник наутро, соопшти денес грчката крајбрежна стража, пренесува српскиот портал Блиц.
73-годишната жена со итна медицинска помош била пренесена во Здравствениот центар Егинио, каде што лекарите ја констатирале нејзината смрт, јавува агенцијата Ана.
Во тек е истрага што ја спроведува Централната пристанишна управа во Солун.
Инаку, пред две недели, во близина на Касандра беше пронајдено тело на жена од Србија, а лекарите тогаш исто така ја потврдија смртта.