УТРО.мк

Трагедија кај Црвени Брегови: Рибар од Неготино пронајден мртов во водите на Вардар

Трагедија кај Црвени Брегови: Рибар од Неготино пронајден мртов во водите на Вардар
Vero

66-годишен жител на Неготино е пронајден мртов во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови, откако претходно бил пријавен за исчезнат додека бил на риболов.

Според информациите од СВР Велес, на 3 јули во 15:55 часот во ОВР Неготино, 42-годишен жител на Неготино пријавил дека се сомнева оти неговиот татко, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар. При пребарувањето на теренот, дел од неговата риболовна опрема била пронајдена во реката.

По пријавата, полициски службеници од ОВР Неготино, припадници на Територијалната противпожарна единица Неготино, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица започнале потрага. Околу 20 часот телото на 66-годишникот било пронајдено и извлечено од реката.

Лекар од Итната медицинска помош во Неготино констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin