УТРО.мк

ТРАГЕДИЈА КАЈ КУМАНОВО: Загина 13-годишно момче откако со електричен тротинет се судри со автомобил

ТРАГЕДИЈА КАЈ КУМАНОВО: Загина 13-годишно момче откако со електричен тротинет се судри со автомобил
Vero

Тринаесетгодишно момче од кумановското село Черкези го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје.


Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај околу 21:10 часот. На регионалниот пат во село Черкези дошло до судир помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од селото Черкези.


По несреќата, малолетникот итно бил пренесен во Општата болница во Куманово, но лекарите можеле само да констатираат смрт.
Само десет минути по несреќата, во 21:20 часот, возачот на автомобилот бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Куманово.


На местото на трагедијата увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, кои работат на утврдување на сите околности и причините што довеле до несреќата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран