УТРО.мк

Тинејџери од Кичево повредени во сообраќајна несреќа со четирицикл

Тинејџери од Кичево повредени во сообраќајна несреќа со четирицикл
Vero

Двајца 14-годишници од кичевското подрачје се здобија со повреди откако вчера попладне излетаа со четирицикл на локалниот пат меѓу селата Зајас и Теќе маало. Инцидентот се случил околу 16:30 часот, кога возачот од с. Горно Строгомиште, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Повредените тинејџери, возачот и неговиот сопатник од с. Зајас, биле пренесени за преглед и укажување на медицинска помош во Медицинскиот центар Кичево, а потоа дополнително хоспитализирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран