
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии, зелена енергија и паметни системи.
Таа истакна дека со сегашното темпо би биле потребни околу 57 години за да се постигне родова еднаквост во сите области, што, како што нагласи, ја покажува итноста од итни и системски мерки. „Не можеме да чекаме со децении за да создадеме еднакви можности. Повеќе жени во секторот е бенефит за сите“, порача Божиновска.
Според неа, организациите со поголемо учество на жени на лидерски позиции бележат околу 20 проценти повисоки перформанси, поголема иновација и профитабилност, како и поголема отпорност во кризни ситуации.























