УТРО.мк

Тешка несреќа во Штип: 11-годишно дете со тешки повреди пренесено на клинички во Скопје

Тешка несреќа во Штип: 11-годишно дете со тешки повреди пренесено на клинички во Скопје
Vero

11-годишно дете од Штип е хоспитализирано со тешки телесни повреди по несреќа што се случила во близина на местото викано „Сончев град“. 

Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, несреќата била пријавена на 8 февруари 2026 година, околу 12:10 часот, од страна на Итната медицинска помош.

До несреќата дошло кога малолетникот, управувајќи велосипед, изгубил контрола и со голема силина удрил во дрво. Поради сериозноста на повредите, по првичната медицинска помош, момчето е пренесено и задржано на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на настанот е извршен полициски увид, а за случајот е известен и Јавен обвинител кој треба да ги утврди сите околности на несреќата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран