
На граничниот премин Долно Блаце синоќа, непосредно пред полноќ, се случил инцидент во кој автобус удрил во гранична кабина. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, автобусот со косовски регистарски таблички го управувал 40-годишниот И.Ф. од Косово и истиот се движел кон излез од државата.























