УТРО.мк

Тетовчанец се обидел да ограби казино во Тетово – полицијата го уапси

Тетовчанец се обидел да ограби казино во Тетово – полицијата го уапси
Vero

Триесет и двегодишен жител на Тетово е приведен откако со закана со нож се обидел да изврши разбојништво во казино во градот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 15 јули 2026 година околу 11:05 часот, К.В. (32) од Тетово влегол во казино и, заканувајќи се со нож, се обидел да изврши разбојништво.

Полициски службеници брзо интервенирале и го лишиле од слобода осомничениот. При извршениот претрес, како и по алкотестирањето, било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени дури 2,49 промили алкохол во крвта.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin