УТРО.мк

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: повреден мотоциклист по судир со автомобил

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: повреден мотоциклист по судир со автомобил
Vero

На 05.05.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ и улицата „Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш. (32) од Скопје, и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М. (29) од Радишани, скопско.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран