На 13.11.2025 околу 18:10 часот на паркинг простор на регионалниот пат Скопје-Куманово, кај село Арачиново, се случила сообраќајна несреќа во која три лица се здобиле со повреди.
Возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ на Н.С.(38), исто така од Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете.
Во несреќата, А.С. се здобила со тешки телесни повреди, додека Џ.К. и детето претрпеле телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а случајот е во натамошна постапка.























