На 13.11.2025 околу 03:50 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода А.Ш.(35) од село Добридол, гостиварско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полицијата пронашла пиштол „Екол“ со една празна рамка, кој веднаш е одземен.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.























