УТРО.мк

Заработиле милиони од гатање – Полицијата ги уапсила

Заработиле милиони од гатање – Полицијата ги уапсила
Vero

Мајка (53) и нејзината ќерка (25) се уапсени во луксузното предградие Довер Хајтс во Сиднеј, осомничени дека измамиле луѓе за околу 46 милиони долари, објави Би-Би-Си.

Постарата жена се претставувала како гатачка и мајстор за фенг шуи, ветувајќи им на жртвите дека „младоженец милијардер наскоро ќе им ја промени судбината“. Таа ги убедувала луѓето да земат кредити, дел од кои ги задржувала за себе.

За време на рацијата во нивната мултимилионска вила биле запленети финансиски документи, луксузни чанти, мобилни телефони, чипови за казино и златна прачка од 40 грама, вредна околу 6.500 долари. Дополнително, полицијата замрзнала средства во вредност од 15 милиони долари, покрај 60 милиони што веќе биле блокирани во претходните фази од истрагата.

Мајката се соочува со 39 обвиненија, меѓу кои водење криминална група и измама, додека ќерката е обвинета за седум кривични дела. Судот одби кауција за мајката, додека ќерката е привремено ослободена до рочиштето за јануари.

Според извори, мајката и ќерката биле поврзани со „синдикат на пентхаус“, чиј наводен водач живеел во скап стан во Сиднеј, а полицијата верува дека во операцијата можеби биле вклучени и корумпирани банкарски службеници.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран