На 13.11.2025 во 13:50 часот, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишија од слобода Г.С.(25) од с.Волковија, тетовско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на 10.11.2025во помошен објект на Г.А. од с.Волковија. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.























