
На 23.01.2026 година во 11:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, кај с. Слатино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И. (33) од с. Доброште, тетовско и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Х. (36) од с. Нераште, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобил и сопатникот Б.А. (26) од с. Нераште, тетовско, констатирани во Клиничка болница Тетово.



























