Две лица од Берово се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Берово–Струмица, кај местото викано „Цикарски колиби“.
Според информациите од МВР, несреќата се случила на 3 септември 2025 година, околу 19:50 часот, кога патничко возило „сузуки“ со беровски регистарски таблички, управувано од И.Ц. (74) од Берово, излетало од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, како и неговата сопатничка В.Ц. (74), а повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Берово, а причините за несреќата се истражуваат.