
Триесет и двегодишен жител на Куманово бил приведен откако бил пријавен за физички напад врз друго лице во угостителски објект во селото Старо Нагоричане.
Од СВР Куманово информираат дека на 10 мај 2026 година околу 02:15 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ј.(32) од Куманово.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил претходната вечер околу 23:00 часот, кога во угостителски објект во село Старо Нагоричане физички бил нападнат Н.Д.(29) од селото Долно Којнаре, кумановско.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
















