УТРО.мк

Eдна од најразвиените земји ja враќа физичката дисциплина во училишниот систем

Eдна од најразвиените земји ja враќа физичката дисциплина во училишниот систем
Vero

Училиштата во Сингапур ќе продолжат да имаат можност да применуваат физичко казнување во строго дефинирани случаи, како дел од пошироките мерки за справување со насилството меѓу учениците, изјави министерот за образование Дезмонд Ли пред парламентот.

Тој појасни дека таквата мерка нема да се користи лесно, туку само кога другите дисциплински пристапи ќе се покажат недоволни, а сериозноста на прекршокот ќе го оправда тоа. Според него, секоја одлука за примена на физичка казна ќе мора да биде одобрена од директорот на училиштето, а ќе ја спроведуваат само за тоа овластени наставници.

Ли нагласи дека новата рамка, која треба да започне да се применува од 2027 година, има за цел да обезбеди построга контрола на врсничкото насилство, но и јасни граници во однесувањето на учениците. Тој додаде дека училиштата ќе ја проценуваат зрелоста на секое дете и контекстот на неговото однесување пред да донесат одлука за казнување.

Во исто време, сингапурското Министерство за образование истакнува дека физичкото дисциплинирање е резервирано исклучиво за момчиња и се применува само во најсериозни случаи.

Прашањето за ефектите од ваквите мерки повторно ја отвори јавната дебата за нивната оправданост. Светската здравствена организација предупредува дека физичкото казнување може да има долгорочни последици врз психичкото и физичкото здравје на децата и повикува на негово целосно укинување, наведувајќи дека научните истражувања не покажуваат никакви позитивни ефекти од таквата практика.

Сингапур, познат по строгите закони и високото ниво на општествена дисциплина, со години привлекува внимание со својот пристап кон редот и казнувањето. Во минатото, земјата била во центар на меѓународни реакции поради строги пресуди, меѓу кои и случајот од 1993 година со американскиот тинејџер Мајкл Феј, кој беше казнет со затвор и удари со стап за вандализам. И покрај дипломатските тензии што тогаш се појавија, Сингапур ја спроведе казната, нагласувајќи ја примената на домашните закони и врз странски државјани.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран