УТРО.мк

Газда на маркет во Охрид пријавен за малтретирање деца по кражба на чоколадно млеко

Газда на маркет во Охрид пријавен за малтретирање деца по кражба на чоколадно млеко
Vero

Газда на маркет пријавен за малтретирање деца по кражба на чоколадно млеко во Охрид

Случај на наводно физичко малтретирање на малолетници се истражува во Охрид, по пријава поднесена до СВР.

Според полициските информации, на 09.05.2026 година во 23:00 часот во СВР Охрид, три лица на возраст од 45, 45 и 35 години, сите од Охрид, пријавиле дека околу 17:00 часот нивните малолетни деца наводно извршиле кражба на чоколадно млеко од маркет во градот.

Во пријавата се наведува дека по настанот, сопственикот на маркетот и едно женско лице физички ги нападнале и малтретирале децата.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу инцидентот.

Извор: newz24live

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран