УТРО.мк

Страшна сообраќајка: Пет лица тешко повредени

Страшна сообраќајка: Пет лица тешко повредени
Vero

На 18 октомври 2025 година, околу 16:10 часот, на локалниот пат за село Подгорци, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ управувано од А.О.(45) и патничко возило „цитроен саксо“ управувано од А.Д.(41), сите од с.Подгорци.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „цитроен саксо“ А.Д. и неговите сопатници Б.Р.(36) и М.М.(43), како и сопатникот од „цитроен берлинго“ М.О.(48). Возачот А.О. се здобил со телесни повреди. Повредените се пренесени и констатирани во Медицинскиот центар Струга, Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според информациите од портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се работи на расчистување на несреќата и утврдување на причините за судирот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран