Трагедија ја потресе гостиварската околина, откако младо момче го загуби животот во сообраќајна несреќа на локалниот пат меѓу селата Чегране и Корито.
Како што соопшти МВР, на 11 октомври 2025 година околу 13:30 часот, патничко возило марка „Фолксваген голф“, управувано од Л.М. (26) од селото Форино, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, возачот починал на самото место, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено на обдукција.
Полицијата работи на целосно утврдување на причините за трагичната несреќа.