На експресниот пат Штип – Велес попладнево се случила сообраќајна несреќа, по што сообраќајот е во целосен прекин во двата правци.
Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) преку вонреден извештај информира дека се препорачува возачите да користат алтернативни маршрути додека трае расчистувањето на патот.