УТРО.мк

Коњановски: Со гордост ја одбележуваме 80-годишнината на ФК Пелистер

Коњановски: Со гордост ја одбележуваме 80-годишнината на ФК Пелистер
Vero

По повод јубилејот – 80 години од основањето на ФК Пелистер, денес во Општина Битола беше остварен прием со највисоките претставници на реномираниот романски клуб ФК Динамо Букурешт.

На средбата присуствуваа претседателот Андреј Николеску, спортскиот директор Козмин Михалеску, директорот за комуникации Богдан Алеку и претставникот на клубот Костир Шолц. Во пријателска и спортска атмосфера беше извршена размена на специјални дресови по повод големиот јубилеј.

„На нашите гости од Романија им посакувам пријатен престој во Битола, натпревар за уживање и многу успеси во нивниот шампионат,“ изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Општина Битола.

Како дел од роденденската прослава, во текот на денот ќе се одржи свечена академија и пријателски натпревар, со што градот Битола уште еднаш ќе ја потврди својата љубов и традиција кон фудбалот и спортскиот дух.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран