УТРО.мк

Албанија воведува привремена забрана за електрични тротинети

Албанија воведува привремена забрана за електрични тротинети
Vero

Албанското Министерство за внатрешни работи од утре ќе започне со спроведување на привремена забрана за движење на електрични тротинети низ земјата, со цел зголемување на јавната безбедност.

Министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, денес ги претстави новите мерки, нагласувајќи дека одлуката е донесена по бројни поплаки од граѓани и извештаи на Државната полиција за зголемен број инциденти поврзани со овие превозни средства.

„Податоците покажуваат дека електричните тротинети сè почесто предизвикуваат сообраќајни инциденти, при што најмногу се загрозени малолетниците и постарите лица“, изјави Кочиу.

Таа додаде дека забраната ќе трае додека не се изготви нова регулаторна рамка, која ќе ги дефинира дозволените патишта и простори за тротинети, старосните ограничувања, заштитните мерки (како носење шлемови и осветлување), како и ограничувањата на брзината.

Министерката потсети дека слични мерки веќе се применуваат во Франција, Италија и Германија, каде што властите вовеле делумни или целосни забрани за електричните тротинети поради слични безбедносни причини.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран